Почетна - Macedo HRM

Во потрага сте по работа?

На вистинското место сте.

Дознајте повеќеПријавете се

За да конкурирате за некоја од работните позиции во Хрватска, потребно ви е:
  • а имате помеѓу 18-50 години;
  • Да имате пасош од Република Македонија или од било која земја од ЕУ;
  • Да испратите ваше CV на англиски јазик на info@macedo.mk;
  • Оргинал диплома за завршено основно или средно образование, преведена на овластен судски преведувач на хрватски јазик;
  • Потврда дека не сте во работен однос, издадена од Агенција за вработување, преведена на овластен судски преведувач на хрватски јазик;
За да конкурирате за некоја од работните позиции во Словачка, потребно ви е:
  • Да имате помеѓу 18-50 години;
  • Да имате пасош од Република Македонија или од било која земја од ЕУ;
  • Оригинал диплома или свидетелство за завршено основно или средно образование, заверено со апостил печат од суд;
  • Потврда за неосуденост заверена со апостил печат од суд;
  • Да потпишете полномошно кое ние ви го даваме и да го заверите кај нотар за да можеме да ви обезбедиме работна дозвола;
Предност за конкурирање имаат кандидадите:
  • Кои се пријавуваат во пар;
  • Кои се невработени;
  • Кои зборуваат словачки јазик.
Дополнителни информации:

На кандидатите кои се вработуваат во Словачка им обезбедуваме бесплатен превоз, сместување и секојдневен превоз од сместувањето до работното место. Сместувањето се наоѓа во непосредна близина од погонот односно работното место на работникот.

На работниците им обезбедуваме полиса за здравствено осигурување и патничко осигурување за време на престојот во странство.

Кандидатите кои ќе го испочитуваат договорот за работа во целост, ќе имаат можност за понатамошна соработка.

За сите подетални информации, можете да не контактирате или да не посетите во нашата канцелариjа.

Работни места – Хрватска

Работните места се во областа на хотелиерството и угоститеската индустрија во хотели од пет четири и три звезди, како и приватни ресторанти, барови на плажа, авто кампови итн. Исто така не се изоставени и познатите винарии по цела Хрватска, а најповеке на полуостровот Пељешац.Воглавно работата е сезонска работа  за период од 6 месеци (со можност до 1 година)почнувајки од Април секоја календарска година..Исто така сите работни места се наогаат на крајбрежјето на Јадранско море и на познати места градови како што се Цавтат, Дубровник, Сплит, Макарска, Пореч, Цриквеница, Биоград на мору, Трогир, Задар и секако островите Мљет, Крк, Корцула, Бол, Брач итн.

На сите работниците им е обезбедено работна дозвола и дозвола за престој, за времетраење на договорот како што е наложено од законот на Хрватска.

Сместувањето е од колективен вид. Собите се двокреветни и најчесто се во близина на работното место во приватни куќи додека, некои хотели имаат свое сместување. Во некои сместувања има тоалет во собите, а во другите има заеднички тоалет. Во секое сместување на располагање имате мини кујна со заедничка просторија за дружење,интернет и ТВ ,клима и  машина за перење.

 

Бројот на работни саати во текот на месецот зависи од работодавачот, односно од потребите на самиот ресторант, хотел тј секогаш има те простор за договор со работодавачот но во досегашна пракса изнесуваат 8 часа на ден 6 дена во неделата.

 

За сите останати прашања ви стоиме на располагање преку нашата Facebook страна доколку ви е потребна помош.

Понуди во моментов

Работни места – Словачка

Работните места се во областа на автомобилската индустрија, електро и ТВ индустријата, во фабриките за производство и составување делови за ЛЦД телевизори, производство на делови за автомобилската индустрија, контрола на квалитетот на амбалажите за фармацевтската индустрија и логистика (управување со виљушкар). Работните места се од мануелен карактер и брзо се совладуваат. Може секој да работи, не е потребно посебно стручно знаење. Работата не е физички тешка, воглавно се одвива во стоечка положба. Исто така имаме и работни места кои се во областа на хотелиерството како основна дејност на угостителството, како и градежништвото и металуршката индустрија.

Период на ангажирање на работникот е од 3 месеци до година дена. На работниците им се обезбедени работна дозвола и дозвола за престој, за периодот на траење на договорот.

Сместувањето е од колективен вид. Собите може да бидат од двокреветни до шесторокреветни. Во некои сместувања има тоалет во собите, а во другите има заеднички тоалет. Во секое сместување на располагање имате шпорет, машина за перење и сушење алишта. Во некои сместувања машината се користи бесплатно, а во други се наплаќа.

Работниците кои одат во пар, можат да изберат работа во иста или различна фабрика.

Бројот на работни саати во текот на месецот зависи од работодавачот, односно од потребите на фабриките, а не од агенцијата.

Ви стоиме на располагање преку нашата Facebook страна доколку ви е потребна помош.

Понуди во моментов

Macedo HRM je licencirana agencija

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipiscing elit. Donec odio. Quisque volutpat mattis eros. Nullam malesuada erat ut turpis. Suspendisse urna nibh, viverra non, semper suscipit, posuere a, pede.

Лиценца

За нас

Macedo HRM е консултантска куќа која ви нуди услуги од областа на ХР менаџментот. За нашите клиенти, обезбедуваме селектирана работна сила во согласност од нивните индивидуални потреби. Нашите клиенти се Хрватски хотели и Слоачки компании. Најмногу работни места има од областа на хотелиерството како основна дејност на угостителството, како и од областа на електро и ТВ индустрија, автомобилска индустрија, логистика, градежништвото и металуршката индустрија

Зошто да го изберете Macedo HRM?

  • Нудиме добра заработувачка
  • Обезбедуваме сместување и превоз
  • Поседуваме дозвола за работа издадена од Министерство за труд и социјална политика
  • Нема скриени трошоци

Задоволството на вработените е наш приоритет. Нашата цел е да се изгради долгорочна соработка со нашите вработени, како и со нашите клиенти. Ние сакаме да бидеме прв избор во пополнување на слободните работни места. Задоволните вработени придонесуваат за поефикасно работење на работа и, според тоа, подобри резултати на самиот работодавач. Грижата за работниците е наша задача

Испратете порака

Macedo HRM